Тврди дека е син на Мајкл Џексон – има и доказ


Според резултатите на ДНК анализата речиси 99 отсто е сигурно дека Брендон Хауард е син на Кралот на попот

SIN MAJKL DJEKSONАмериканскиот портал ТМЗ објави дека според резултатите на ДНК анализата речиси 99 отсто е сигурно дека Брендон Хауард е син на Мајкл Џексон. Иако се` уште не се знае во која лабораторија е направена ДНК анализата, светските медиуми тврдат дека примероците наводно се совпаѓаат. Анализата е спроведена со помош на забната протеза на Мајкл, која е купена на аукција.

Џексон, мајката на Брендон, Мики, госпел пејачка, ја запознал во 1982 година. Таа тогаш била позната под името Били. Една година после нивната средба, починатиот крал на попот ја објави песната „Billie Jean“.

F0553D135B8C24489B5DD09175FC35B2Текстот на песната зборува: „Били Џин не е моја љубовница. Таа е само девојка која тврди дека јас сум вистинскиот. Но малиот не е мој син“.

Ако се верува на овие стихови Мајкл знаел за Брендон, но не сакал да го признае.

Мики дури го запознала и таткото на Мајкл, Џозеф Џексон. Наводниот син на пејачот сега започнува со својата музичка кариера.

Адвокатот на Мајкл Џексон, Хауард Вајџман изјави дека никогаш не слушнал за Брендон. „Рокот за докажување дека е син на Мајкл, одамна помина, рече тој.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1