„Тврдокорни“ повикува на протест, кој ќе се одржи утре напладне кога и треба да започне собраниската седница за уставните измени.
„Во овие навидум обични денови се одигруваат настани кои ќе одекнуваат не само нанапред во иднината туку и наназад во вековите од македонското минато. Секој достоинствен Македонец без да се убедува треба да знае дека е должен со присуство на протестот во свое име и во име на честа на своето семејство да ја покаже несогласноста со чинот на НАЈГОЛЕМОТО НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО.
Македонија ќе им припадне на Македонците. Но овие настани определуваат кои ќе бидат идните Македонци предводници, а кои, во македонската држава, ќе мораат да бидат послушни и подредени на достоинствените. Кои семејства ќе ја зачуваат честа на името, а кои ќе треба да се превоспитаат.
НИКАКВИ ОПРАВДУВАЊА И НИКАКВИ ИЗГОВОРИ ВО ИДНИНА НЕМА ДА ВАЖАТ.
Затоа браќа и сестри во Среда напладне (9ти Коложег), лице во лице да се видиме кои сме.
Македонија на Македонците!“, пoрачуваат „Тврдокорни“.