Слободан Недељковиќ – Џамбо е уапсен и одреден му е притвор бидејќи ги ограбувал поплавените куќи глумејќи спасувач во Обреновац, пишува српски Блиц.
Kако што пишува Блиц, Џамбо ширел лажни информации за својот живот. Тој на полицијата и признал дека нема жена и дете, а камо ли да ги изгуби во поплавите. Признал дека тоа го зборувал за да собере пари и да добие куќа од владата зошто живее како подстанар.
Тој наводно ги загубил жената и детето во полавите во Обреновац, а медиумите тогаш пренесуваа дека го загубил и семејството во војната на Косово 1999 година.
Сега доби пријава а се истражува колку пари добил. Се знае дека луѓе донирале пари за него. Се знае дека има донација добиено од 30 000 денари, но таа сума смета полицијата е многу поголема.
Фото од апсењето – Телеграф.Рс