Уапсен изумителот на биткоинот – обвиненет е за „перење пари“


Главниот извршен директор на БитИнстант – компанијата која стои зад виртуелните пари биткоин, е уапсен во САД. Причината е обвинение за перење пари, пренесе СNN

BITCOINСпоред обвинението Чарли Шрем продал Биткоин единици во вредност од 1 милион долари на клиенти на онлајн пазарот за лекови Силк Роад. Шрем бил уапсен на аеродромот ” Џон Фицџералд Кенеди “. Тој дејствувал преку друг американски државјанин – 52-годишниот Роберт Фајела.

Според обвинението Фајела се појавил на Силк Роад во крајот на 2011 година. На сајтот се продаваат и купуваат лекови само со парите Биткоин. Според обвинението тука се вмешал Шрем – при што не ги пријавил приходите од операцијата пред даночните власти во САД. Така за десет месеци Шрем и Фајела успеале да затајат 1,05 милиони долари преку размена на виртуелните пари биткоин, но по октомври 2012-та година Фајела престана да соработува со Шрем .

Берзата БитИнстант е со седиште во Њујорк и ги продава парите биткоин во над 700 илјади онлајн платформи во САД, Бразил, Русија и други земји низ целиот свет. Само минатата година во БитИнстант се влеле 1,5 милиони долари само од инвестиции на претприемачот Тајлер Винклевос.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1