Грчката полиција уапсила македонскиот државјанин кој ги празнел касите на грчките банки. Тој е обвинет и за учество во киднапирањето на познат бродосопственик во Атина во јануари 2009-та, јавува Канал 5.
Според информациите до кои дојде Канал 5, станува збор за 34-годишниот Бобан Ристевски, бил дел од тимот на познатиот грчки криминалец, Панјотис Власотс и се наоѓа во досието со над 200 рекетари во Грција.
Според соопштението на грчката полиција од мај 2012 до март 2013-та ограбил или учествувал во грабежи на 21 банка во различни делови на Грција и одзел над 250 илјади евра, во истиот период соработувал со познат грчки криминалец, а се товари и за учество во едно од најголемите киднапирања во Грција, на бродосопственикот Периклис Панагопулос, пред 4 години.
-Тејзер (пиштол за електрошокови), панцир, пластични пиштоли, куршуми, голем број мобилни телефони, 3 перики, фалсификувана лична карта и возачка дозвола, хероин и –пари – биле пронајдени во домот на Ристески во една атинска населба каде што го уапсија, пишува Канал 5.
извор: Канал 5