Уапсен манијакот опседнат со ќерката на Цеца: Анастасија Ражнатовиќ неколку месеци минувала низ пекол


Анастасија Ражнатовиќ неколку месеци се соочуваше со вистински пекол поради непозната личност која ја следела и малтретирала ќеркатата на Светлана Цеца Ражњатовиќ на различни начини. Предметот бил пријавен во полиција, по што манијакот е конечно уапсен.

„Анастасија вознемирувањето го пријави штом сфати дека се работи за човек кој е опседнат со неа, нејзините движења и се што работи. Не само што не и било пријатно сето време да трпи различни форми на малтретирање, туку и целото семејство било вознемирено“ – вели еден извор запознаен со приказната, но додаде дека сега ќерката на фолк пејачката конечно може да здивне и да се врати во нормален живот. Полицијата го презеде случајот и го лоцираше прогонителот, кој беше уапсен и изведен пред суд.

По сослушувањето на обвинителот и лекарските прегледи беше утврдено дека се работи за лице со дијагноза. Дури и за време на апсењето, било јасно дека човекот кој си поигрувал со Анастасија е ментално нестабилна личност, која не е целосно свесна за своите постапки. Опседнат со нејзината личност, со работата, ликот и делото на младата Ражњатовиќ, таа му станала опсесија, а како не се лекувал, тоа се повеќе се огледувало во неговото однесување.

Тој по апсењето бил подложен на детални испитувања од експерти и упатен на лекување во психијатриска клиника, каде што тој ќе мине извесно време во иднина, и каде ќе добие лекарска помош. Меѓутоа, во такви случаи, третманот е долг и никој не може да гарантира дека тие лица нема да се однесуваат на ист начин откако ќе излезат од психијатриската болница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1