Маж на 30-годишна возраст од Рим е уапсен поради намерно ширење на ХИВ вирусот.
Тој им пренел ХИВ на најмалку шест жени со кои имал незаштитен сексуален однос, иако знаел дека е заразен.
Неименуваниот маж ги запознавал жените преку социјалните мрежи, а во затвор ќе остане се додека не се утврди дали вирусот го пренел на уште некого. Мажот при испрашувањето во полицијата изјавил дека не сакал да им наштети на тие жени, туку дека само „донел лоша одлука“.
– Живеев со некои од тие жени. Бевме вљубени, појадувавме наутро заедно. Зошто би ги повредил? Ситуацијата беше слична на руски рулет – рекол тој во полицијата.
Неговиот адвокат изјавил дека овој Италијанец мислел дека може да ја контролира својата болест и да го намали нејзиното влијание на партнерките со кои имал сексуални односи.