Уапсен осомничен педофил кој злоставувал девојчиња на Фејсбук во Хрватска и соседството


Хрватската полиција соопшти дека поради сомневање за педофилија уапсила 24-годишен државјанин на Хрватска кој со лажно претставување на Фејсбук намамувал девојчиња и извршил 80 кривични дела.

Полицијата идентификувала вкупно 53 жртви, најголем дел од нив на возраст од 10 до 15 години од речиси цел Хрватска.

Со криминална истрага е утврдено дека исти кривични дела вршел и на штета на голем број деца во држави од соседството. Тој креирал повеќе лажни профили на ФБ и со лажно претставување стапувал во контакт со голем број девојчиња. Осомничен е во намерата да се здобие со сексуално експлицитни содржини на деца, особено помлади од 15 години.

– Ги наведувал да се допишуваат за сексуално експлицитни теми, им испраќал порнографски содржини непримерни за нивна возраст, ги врбувал и поттикнувал тие да се снимаат во сексуално експлицитно однедување додека на некои жртви-деца им предлагал средби со цел остварување сексуални контакти, соопшти полицијата.

Осомничениот од јули 2017 година до крајот на јануари 2018 година извршил вкупно 80 кривични дела на штета на деца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1