Уапсен осомничен за масакрот кај Смилковското езеро


Полицијата го уапси 28-годишниот С.Љ. осомничен за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. бил на Смилковското Езеро кобната вечер заедно со останатите обвинети за петкратното свирепо убиство, јави Канал 5 повикувајќи се на извори во обвинителството.

smilkovskoКако што информираа од Министерството за внатрешни работи тој е приведен при обид да излезе од Македонија на граничниот премин Блаце. С.Љ. е изведен пред истражен судија и му е изречен притвор од 30 дена.

За убиството кај Смилковското Езерово, во Кривичниот суд во Скопје е почнат процес против шест обвинети лица. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се уште се во косовските затвори и покрај барањето за нивна екстрадиција во Македонија.

Петкраткратното убиство се случи лани на Велики четврток на брегот на Смилковското Езеро. Беа убиени четворица млади жители на Бутел и Радишани и риболовец од соседното село Црешево.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1