Уапсен пензиoнираниот врховен судија кој ја киднапираше внуката – девојчето се уште го нема


Полицијата ги уапси екс врховниот судија Александар Бошњаковски и неговиот син Мартин, а сеуште трага по малата Александра , нејзиниот татко Стефан и бабата Снежана.

bosnjakovski-aleksandar-300x282МВР поднесе 4 кривични пријави за одземање на малолетник и запуштање на дете а обвинителството ѓе бара и притвор за случајот на 6 годишното девојче кое повеќе од 2 години спротивно на судските одлуки не е со својата мајка.

Утрово бил извршен претрес во 3 стана во Скопје но девојчето не било пронајдено.

Неизвесно е дали осомничените во исказот пред истражен судија ќе откријат каде ја кријат Александра.

За институциите нејзиното пронаожање е предизвик зашто осомничените поседуваат поголем број станови и имот низ повеќе делови на земјата.

Екс судијата Бошњаковски уште пред месец и половина кога сител ја обелодени сторијата за киднапоираното девојче призна дека тој знае каде е Александра и дека е подготвен на се, само да ја спречи мајката да биде со својата ѓерка.

aleksandra-520x390

Членовите на семејството Бошњаковски нема да одговараат само за незаконското држење на Александра туку и за запуштање откако и лани и оваа година не дозволуваат девојчето да појде во училиште.

За случајот на нозе се крена целата македонска јавност а бурно реагираа и домашните и меѓународните организации за права на децата. Александра ја дефинираа како жртва на неразумните постапки на родителите и бавниот и слабо функционален институционален систем.

Најголемиот предизвик сеуште претстои- да се најде 6 годишното девојче и да се врати кај законскиот старател.

Извор: Република

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1