Иранските власти уапсија човек обвинет за отварање лажни Фејсбук профили на име на некои министри, соопштија надлежните од судот
Во извештајот е наведено дека некои министри биле активни на Фејсбук, но министрите негирале дека имале било каков профил на некоја од социјалните мрежи.
За случајот започната е истрага, а лицето е уапсено затоа што отворало лажни профили и сега се наоѓа во затвор.
Идентитетот на човекот не бил веднаш откриен, ниту е јасно како успеал да ги отвори профилите, затоа што иранските власти го блокираат пристапот до социјалните мрежи.