Германската полиција го уаспи Ханс Липшис, еден од најбараните нацисти на светот.
93-годишниот Липшис е уапсен во градот Ален, каде што престојувал во последните 30 години, откако бил депортиран од Сад, каде што емигрирал по втората светска војна.
Тој со години беше под истрага, но германските власти се до денеска немаа доволно докази дали тој е озлогласениот чувар од затворот Аушвиц. Според обвинението тој бил дел од СС единицата и учествувал во злодела врз логорашите.
Липшис признал дека работел во логорот, но не како чувар, туку како обичен готвач и оти немал допирни точки со злосторствата.
Липшис според центарот “Simon Vizental” беше број 4 на листата на петте најбарани нацисти на светот.