Полицијата денеска го уапси скопски адвокат Владо Пешликовски, дознава Press24 од доверливи извори во полицијата. Според информациите до кои дојдовме Пешликовски се барал за издржување на затворска казна од 2 години. Тој беше осуден во рамките на случајот Агент, заедно со екс началникот на ДБК, Слободан Богоевски.
Во 2013 во полициската акција наречена „Агент“ биле откриени и документирани малверзации околу атрактивно градежно земјиште во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Судењето за „Агент“ траеше два месеца. Шесттемина обвинети се товареа дека преку фиктивни договори и фиктивни фирми ќерки на кипарски „Централ балкан инвестмент“ и словенечки „Меркатор“ переле пари. Тие го негираа обвинението и тврдеа дека со договорот за купопродажба на плацот со површина од 19.000 квадратни метри во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, ја спасиле Македонија од тужба пред арбитражен суд бидејќи продала земјиште што било за денационализација.
Две години затвор доби и Богоевски кој се жалеше на Апелација, но и второстепениот суд му ја потврди казната.
Инаку адвокатот Владо Пешликовски во јавноста најмногу се споменуваше во времето додека му беше адвокат на Агим Красниќи