Рускиот опозиционен лидер Алексиј Навалини е уапсен на уличниот протест организиран поради тоа што е осуден на условна казна од три ипол години затвор.
Навалини на твитер објавил своја слика со порак: „Домашен притвор да. Но денеска навистина сакам да бидам со вас. Затоа идам на Манјеж“.
Телевизиските слики од московскиот Плоштад Манјеж покажуваат дека се собрале повеќе стотици лица.
Навалини после изрекувањето на пресудата ги повикал следбениците да излезат на улиците на Москва и да го „Уништат“ режимот на претседателот Владимир Путин.
Неговиот повик следел откако на социјалната мрежа Фејсбук повеќе од 18.000 лица го потврдиле своето учество на собирот.
Навалини, адвокат и популарен блогер, стана интелектуална личност на опозицијата со спроведување на истрага за корупцијата на државните претставници и организирање на демонстрации против претседателот Владимир Путин во Москва во 2011 и 2012 година.
Тој од февруари бил во домашен притвор поради вториот дел, а во денеска е осуден на условна казна од три ипол години затвор под обвинение дека со својот брат Олег проневерил 27 милиони рубљи (546.000 evra) и со тоа ја оштетил француската козметичка фирма „Ив Роше“.