Бразилецот Тијаго Анри Гомез да Роча беше притворен откако призна убиство на најмалку 39 луѓе во период од три години.
„Бевме шокирани од неговата ладнокрвност“, рече полициски службеник кој присуствувал на неговото испитување, пренесува BBC.
Обезбедувачот е уапсен во центарот на градот Гоиани, по што ги признал бруталните убиства. Главни мети на монструмот биле жени, бездомници и хомосексуалци. До жртвите доаѓал на мопед со маска на лицето. Ладнокрвно ги застрелувал со пиштол, а потоа бегал со моторот.
Серискиот убиец е осомничен и за 90 разбојништва, а некои убиства се снимени и со надзорните камери.