Од МВР потврдија дека утрово се приведени двајца скопски адвокати и поранешен шеф на полициското разузнавање во рамки на истрага за финансиски криминал.
Уапсен е и Слободан Богоевски, поранешен директор на УБК на МВР. Богоевски е уапсен во Дебар Mаало каде што живее, потврдуваат за Канал 5 полициски извори.
Истрагата се води за финансиски малверзации поврзани со измами на словенечки државјани.
Полицијата бара уште неколку лица опфатени со истрагата.
Izvor – Kanal 5