Уапсен сопственикот на скопската градежна фирма „Дора“


Сопственикот на скопската градежна фирма „Дора“ и неговиот сметководител се уапсени под сомнение за сторен финансиски криминал „тежок“ 430.000 евра, соопшти во четврток Управата за финансиска полиција.

Сопственикот и управител на градежната фирма „Дора“, шеесет и петгодишниот С.Д од Скопје со помош на неговиот сметководител и управител на Друштвото за интелектуални услуги „Дата-ком“ З.С(55) во периодот од 2009 до 2014 година прикажале невистинити податоци во сметководствената евиденција, при што евидентирале фиктивни податоци за наводни набавки на стоки и услуги со вклучен ДДВ и со тоа неосновано е намалена обврската за данок во вкупен износ од 7.299.201 денари, соопшти Управата за финансиска полиција.

lisiciПо налог на директорот на фирмата, сметководителот евидентирал непостоечки фактури од непостоечкиот и измислен коминтент „Стојан комерц“ за кој по извршените проверки било утврдено дека воопшто не постои во Република Македонија.

„С.Д. и З.С. во сметководствената евиденција прикажале наводно извршена набавка на трговска стока во вкупен износ 32.990.509 денари (набавна вредност без ДДВ), за дел од наводните фактури на конто 419 – останати услуги, прикажале наводно користење на услуги од непостоечкиот коминтент „Стојан комерц“ во вкупен износ од 5.691.720,00 денари без ДДВ кои никогаш не се платени и со тоа пријавените прикажале нереални расходи кои преставуваат непризнаени расходи и истие не ги прикажале во даночниот биланс за 2012 година и при тоа затаиле данок на добивка во вкупен износ од 569.172,00 денари“, стои во соопштението од финансиска полиција.

Скопскиот бизнисмен за да се стекне со уште поголема имотна корист, извршил и продажба на трговски стоки на разни купувачи за парични средства во готово кои ги присвоил за себе, без да изготви и достави документација во сметководствената евиденција и без притоа да пресмета и плати ДДВ во износ 9.680.790 денари и персонален данок на доход на износ 7.050.738 денари.

zatvor pariОд сметката на „Дора“ С.Д. подигнал и значителен износ на парични средства по основ на материјални трошоци кои средства ги користел за лични потреби, без да изготви и достави документација во сметководствената евиденција за нивната економска оправданост што е негова законска обврска. За да го прикрие неоснованото трошење на средствата на правното лице, директорот потпомогнат од сметководителот прикажале дека е извршено плаќање во готово кон измислениот коминтент „Стојан комерц“ при што не пресметале и не платиле персонален данок на доход во износ од 1. 881.783 денари.

Со наведените дејствија двете пријавени лица затаиле данок во вкупен износ од 26.481.690 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија.

Против нив е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „даночно затајување, „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „помагање, а Основниот суд Скопје 1 им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Сметководителот и од претходно и е познат на Финансиската полиција бидејќи во јануари годинава против него е поднесена уште една кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело даночно затајување и фалсификување или уништување на деловни книги.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1