Американското обвинителство денеска објави дека е уапсен турскиот бизнисмен Реза Зараб, кој заедно со свои соработници префрлил стотици милиони долари во име на иранската Влада или други чинители во рамки на шемата за избегнување санкции против Иран.
Триесет и три годишниот Зараб е уапсен во саботата во Мајами врз основа на федерално обвинение, покренато против него и уште двајца ирански државјани во судот на Менхетн.
Апсењето се случува два месеца откако Иран излезе од долгогодишната економска изолација. Зараб кој има двојно државјанство, иранско и турско, е сопственик на ланец компании во Турција и Обединетите Арапски Емирати.