Уапсен внукот на Тито


Српската полиција го уапсила 67-годишниот Јосип Јошка Броза внукот на Јосип Броз Тито, во неделата навечер и го задржала во полициска станица, објавува весникот „Ало“.

joska500

Внукот на Тито бил приведен бидејќи пијан ги малтретирал сопругата и гостите на семејна веселба во неговиот дом.

– Никој не мислеше дека вечерта ќе се одвива така. Јошка стануваше се’ повеќе непријатен после секоја голтка алкохол. Кога ситуацијата целосно излезе од контрола беше повикана полиција. Кога дојде патролата, Јошка почна дрско да им се обраќа и на полицајците, пишува „Ало“, повикувајќи се на сопствени извори.

Поради насилното однесување и стравувањето дека би можел да продолжи со малтретирање на присутните гости, полицајците одлучиле да го приведат Јошка Броз и да го задржат додека не се отрезни. Особено внимание на органите на редот им привлекол големиот арсенал оружје кое Броз го поседувал во својот дом, па одлучиле привремено да му го одземат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1