Уапсена Американката која извади дете од мајчината утроба


Една жена е уапсена во американската сојузна држава Колорадо и е обвинета за убиство откако буквално извадила дете од утроба на мајката во седмиот месец од бременоста, соопшти полицијата во четвртокот.

Жртвата, 26-годишна жена којашто кај обвинетата дошла прочитувајќи го огласот во медиумите за купување детска облека, го преживеала нападот и е оперирана, меѓутоа, за жал, детето починало.Screenshot_66

Обвинетата, Динел Кетрис Лејн, на 34-годишна возраст, потоа дошла во болница со мртвото дете тврдејќи дека имала спонтан абортус.

Уапсената жена во четвртокот е изведена пред суд, кој ја обвини за убиство, ден по трагедијата во гратчето Лонгмонт, северно од Денвер.

Полицијата којашто пристигнала по телефонскиот повик на жртвата до службата за итна помош во кј успеала само да каже „Ме исече… јас сум трудн“, „влегла во куќата и ја пронашла претепаната земја избодена со нож во стомакот“, изјавил портпаролот на локалната полиција Џеф Сатур.

„Потоа дознавме дека жената била бремена и дека детето ѝ е изведено од утробата. Жртвата е пренесена во болницата каде што е оперирана и би требало да заздрави“, додаде.

„Осомничената и жртвата не се познавале меѓусебно од претходно“, рече портпаролот Сатур.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1