Уапсена тинејџерка – се обидела да ја отруе мајка си зошто и го земала ајфонот


Полицијата во американската сојузна држава Колорадо уапсила 12-годишно девојче коешто двапати се обидело да ја отруе својата мајка поради забраната да го користи нејзиниот паметен телефон.

Како што пишуваат локалните медиуми повикувајќи се на полицијата од округот Болдер, во државата Колорадо, на почетокот од март ученичката ставила средство за избелување во „милкшејкот“ подготвен за појадокот на мајката. Жената го почувствувала мирисот на хлоридот, но мислела дека ќерката само лошо ја измила чашата со детергент. Четири дена подоцна девојчето го повторило обидот за труење на мајка си ставајќи ја смесата во бокал со вода во спалната соба на нејзините родители.lisici33

– Жената отпила од пијалакот и веднаш почувствувала присуство на хемиска супстанција во него. Сепак, таа помислила дека нејзината ќерка не ја исплакнала добро чашата пред да го сипе пијалакот“, се вели во соопштението на полицијата. Жената била пренесена во болница, но тогаш лекарите ја вратиле дома. Се претпоставува дека мајката имала среќа затоа што не го допила целиот пијалак.
Меѓутоа, девојчето лишено од нејзиниот „смартфон“ не се откажало од „пресметката“ со мајка си. По неколку дена го повторила обидот, а откако мајката повторно го почувствувала мирисот на хлоридот, се посомневала и се обидела да разговара со ќерка си.
Увидувајќи дека девојчето сака да ја убие како одмазда за одземениот „ајфон“, мајката веднаш повикала полицијата, која по увидот ја привела ученичката.

Според истрагата, девојчето навистина имало сериозна намера да ја убие својата мајка, гневно поради тоа што таа ѝ го одземала нејзиниот „ајфон“.

Во петокот девојчето е обвинето за обид за убиство и е сместено во одделот за малолетни престапници. Не е соопштена причината поради којашто мајката ѝ го одземала „смартфонот“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1