Уапсени 16 гробари – краделе злато од покојници – заработиле над 320.000 денари


Над 40.000 куни (околу 320 илјади денари) заработила група од 16 гробари вадејќи скапоцени предмети од гробовите на покојниците во Загреб.

grobari uapseniКако што јавуваат хрватските медиуми, случајот во полиција го пријавиле златарите каде го продавале златото. Според информациите,  гробарите краделе се што ќе најделе во гробот. Се случувало и со клешти да вадат златни заби од вилиците на покојниците.

Парите ги трошеле за пиво и за ќебапи а играле и во спортска обложовалница.

Гробартите веќе се изведени пред суд. Само двајца дале одбрана а 14 се бранат со молчење. Во нивните изјави тврделе дека тоа што го прават не е ништо ново.

„Кога има погреб, шефот кажува каде треба да се копа. Ако има нешто има, ако не, здравје. Така правеа три генерации пред мене, така правев и јас“- изјавил еден од гробарите пред судот

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1