За шест месеци и улицата Македонија во барок


Град Скопје избра фирма која ќе ги изведува градежните работи при реконструкцијата на фасадите на улица Македонија во неокласичен стил, објави порталот Плус инфо.

06-skopje-old-railway-station-ulica-makedonijaГрадот склучил два договори со гостиварската градежна фирма „Пелагонија“ и еден со скопската фирма „Бауер БГ“.

Барокизацијата на оваа пешачка зона, ќе почне со фасадите на три објекти, а според договорите, ќе трае шест месеци.

Барокното рефасадирање на објектите во централното градско подрачје ќе опфати објекти и од улица Никола Вапцаров, улица Димитрија Чуповски, околните згради во близина на плоштад ВМРО, како и булевар Илинден.

Ова е еден од најскапите проекти на Град Скопје. Од таму за оваа година се предвидени 1.398.373 евра од буџетот за оваа намена. Како архитекти се јавуваат Жарко Чаушевски, Звонко Ставревски, Никола Стакинов и Лазар Димов, и други, пишува Плус инфо

Плус инфо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1