Зоран Поповски: Македонија ќе ја развиваме преку политички дијалог


Митинг во општина Карпош вчера одржа кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски, кој имаше и средби со граѓани на општина Аеродром. Во Аеродром ден претходно имаше и митинг на кој вети независна и одговорна администрација, нови правила на игра во економијата, разбирање и демократија.

zoran_popovski– Македонија ќе ја развиваме како демократска земја преку вистински политички дијалог, чиј модератор ќе биде претседателот на државата. Сакам да ги отвориме медиумите за позитивни информации, а не за постојани препукувања, на што сме сведоци секој ден.

Сакаме да воспоставиме пракса според која ќе можат луѓето, различните целни групи да се обраќаат до претседателот барајќи помош.

Сакам да бидам гласноговорник на граѓаните и нивен адвокат пред органите на власта – нагласи Поповски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1