На 02.06.2020 околу 21.00 часот било пријавено во ОВР Кратово дека полициски службеници прават забава во с.Куклица, кратовско, при што не се почитувани мерките за заштита од Ковид-19.
Веднаш се преземени мерки и известен е Јавен обвинител, по чии насоки на местото излегле полициски службеници и на приватен имот во с.Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност и кои биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од кривичниот законик.