Уапсени 9 „бизнисмени “ од Струмица, Прилеп, Битола – го оштетиле буџетот за 3,2 милиони евра


Девет лица од Струмица, Битола, Прилеп, како и еден српски државјанин од Вичин со фирма во Кичево, ќе одговараат за злосторничко здружување, даночно затајување, фалсификување и уништување деловни книги и за злоупотреба на службената положба, јавува Канал 5.

lisiciФинансиската полиција ги сомничи дека во периодот од 2010 до 2012 сопственикот на битолската фирма Римкос трејд формирал криминална група која испоставувала фактури со невистинита содржина и вршела нелегални финансиски трансакции.

Нелегално набавените секундарни суровини преку фирми во Прилеп , Битола, Струмица и Кичево со непознато потекло, лажно ги купувале еден од друг и прикажувале поврат на ДДВ. Знаејќи дека за откупот на секундарни суровини од физички лица не се врши поврат на де де вето, сопственикот на Римкос , прикажувал дека суровините ги откупувал од правни лица. Парите од својата банкарска сметка ги префрлал на сметките на другите осум фирми , за потоа тие да вршат трансакции кон неговата фирма. Со цел да не ги платат даночните обврски .

Потоа фирмите пред истекот на календарската година , ги продавал на лица со криминално досие , со што сметал дека бизнисмените се заштитени од законот. На ваков начин групата се стекнала со незаконски средства во износ од 3,2 милиони евра , за колку го оштетиле буџетот на државата. Ноќеска осуммина од групата се уапсени , додека лицето од Србија е недостапно за полицијата.

Попладнево приведените ќе дадат исказ пред истражен судија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1