Апсењата на четворица Албанци кои регрутирале борци за ИСИС се резултат на регионална операција, со која се опфатени Албанија, Косово и Македонија.
Албанската полиција уапси четири лица осомничени дека регрутирале борци за Исламска држава и учествувале во финансирањето на бунтовничките групи во Сирија.
Станува збор за акција во рамки на регионална операција, со која се опфатени и Косово и Македонија.
Обвинувањата за регрутација можат да им донесат казна – доживотен затвор.
Наспроти повиците на верските лидери во Албанија, албанските државјани да не учествуваат во војна на страна на ИСИС, се верува дека многу Албанци заминале во Ирак и во Сирија.