Уапсени и Јакимовски, Пешовски, Маџовски и Јосифовска – земале пари од спец-касата на УБК


Четири лица вработени во УБК, меѓу кои и Тони Јакимовски кој е поранешен началник на Прва управа на УБК, се уапсени од полицијата во истрага на обвинителството за организиран криминал и корупција

Освен Тони Јакимовски упасени се и Петре Пешовски, Стево Маџовски и Кристина Јосифовска кои исто така работеле во УБК, а според Обвинителството за организиран криминал се осомничени за проневера на 824 илјади евра, дознава Фокус од извори од истрагата.

Парите биле во спец-касата на УБК, а имало пари кои се давале за оперативни акции, што може да подразбира и плаќање на соработници и доушници на УБК.

Проневериле 824 илјади евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1