Лука Попов, популарен радио водител на локалните радио станици во Нови Кнежевац, Србија убиен е синоќа во својата куќа во Српски Крстур.Со брза и ефикасна акција на полицијата, за само неколку часа, се чини дека е решено убиството на водителот Лука Попов
Според пишувањата на белградските медиуми, уапсена е девојка (27) и двајца малолетници кои наводно се со присуство на родителите кај истражен судија, каде го признале делото.
Неофицијално, на телото се пронајдени видливи повреди и се претпоставува дека пред да биде убиен, тој бил мачен. Од полициската станица во Кикинда за српските медиуми ја потврдија веста за убиството.
Според неофицијалните информации, тој утрово не се јавил на работа каде е вработен, а откако никој не се јавил на телефон, колегите му јавиле на братот.