Уапсени полицајци во Вуковар – организирале оргии, шверц на цигари, продавале информации


„На сите ни беше јасно дека ќе избие скандал, само не знаевме кога тоа ќе се случи и колку луѓе ќе бидат вмешани. Сигурни сме дека овие деветмина уапсени полицајци не се единствените кои ќе се најдат зад решетки,“  изјави за „Јутарњи“ извор близок на полицијата во Вуковар, чии што први луѓе Блаж Топаловиќ и Мато Кирчбауер се уапсени во четвртокот.
hrvatska uapseni policajciТаков скандал во полициска управа не е забележан, бидејќи никогаш до сега не биле уапсени првите луѓе. Се работи за многу чувствителна полициска управа која се граничи со две држави БиХ и Србија, па затоа приказната станува уште подраматична. На граничните премини со тие соседни држави на Хрватска поминуваат патишта за криумчарење на дрога и цигари, па исклучително е важно кој е на чело на таа управа, пишуваат хрватските медиуми.
„Се случуваше се и сешто од шверц на цигари, продавање на доверливи информации, договори со одредени личности како и други криминални забави. Полицијата организираше забави во Винковац,  на кои се одвиваа оргии, “ објаснува изворот.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1