ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Д. (55), стечаен управник на АД „Пиперана“ во стечај Гевгелија, М.Т. (68) извршен судија во Основен суд Гевгелија и Д.Ќ. (53) службено лице во Агенција за катастар за недвижности во Гевгелија, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во 2003 година, Д.Д. во извршен предмет на Основен суд Гевгелија со фирмата „Балкан Промет Јован“-ДООЕЛ како доверител на должникот АД „Пиперана“ без правен основ, односно знаејќи дека недвижен имот сопственост на РМ, а со право на користење на АД „Пиперана“ го ставил имотот во стечајна маса и потпишал договор за продажба, додека второпријавениот донел решение за продажба на имотот на фирмата „Балкан Промет Јован“-ДООЕЛ.
Третопријавениот знаејќи за ваквите активности на останатите пријавени извршил упис на податоците на недвижниот имот и го запишал „Балкан Промет Јован“-ДООЕЛ како носител на недвижниот имот.