Полициски службеници на СВР Тетово 15 минути по полноќ ги лишиле од слобода Ј.Г.(19) и 17-годишник од Тетово.
Лицата претходниот ден околу 23.00 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ физички го нападнале Р.С.(18) од Тетово и му одзеле мобилен телефон.
Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.