Украден e дел од пепелот на Махатма Ганди


Неидентификувани сторители украдоа дел од пепелта од идеолошкиот лидер на Индија, Махатма Ганди од Меморијалниот центар Бапу Баван во Рева, централна Индија, на неговиот 150-ти роденден, соопшти индиската полиција.

Пепелта, била украдена вчера на 150-годишнината од неговото раѓање, а се чува во меморијалниот центар од 1948 година, кога еден хинду-фанатик го уби Ганди.

Сторителите исто така исшкртале „предавник“ со зелена боја преку фотографиите на лидерот за независност на Индија од британската колонијална власт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1