„Убава“ на Ај Кју победи на Скопскиот фестивал


Наградата за животно дело му беше доделена на Славе Димитров „Ај Кју“ со песната „Убава“ победија на овогодинешното издание на Скопскиот фестивал. Со ист број на бодови (20) веднаш зад нив е Симона Попоска, но одлучувачки беа гласовите од стручното жириajkju

Вечерва, во арената „Метрополис“ се одржа годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2015“, во чии рамки се натпреваруваа 18 композиции, а манифестацијата по трет пат ја водеше познатиот актер Васил Зафирчев. Честа да ја отвори вечерта му припадна на битолчанецот Виктор Апостоловски, а по него следеа Влатко Илиевски и Јулија Димчевска, Мартин Мила, Маја Вукичевиќ, Сара Мејс, „Ај кју“, Иван Раденов, Даниел Данн, Симона Попоска, Јана Бурчевска, Мики Секуловски, Ања Ветерова, Александар Белов, Џина Папас Џокси, Александар Тарабунов, Ристо Самарџиев, Елена Петреска и Горан Наумовски.

Гласањето и годинава беше според евровизискиот модел, односно 50 проценти беа од гласовите на публиката, а останатите педесет од стручното жири во состав: Иван С. Мирчевски, Сузана Стефановска, Радица Митиќ (Македонско Радио – Радио 2), Александра Јовановска и Марко Марк (емисија „Стисни плеј“).

„Ај кју“ со песната „Убава“, кое дома си замина со парична награда во вредност од 600.000 денари. Второто место и наградата од 450.000 денари отиде во рацете на Симона Попоска и темата „Сеедно е“, а како третопласирана и со награда од 300.000 денари заврши Сара Мејс со нејзината „Градина од цреши“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1