Убиен џихадистот кој на видео снимка од 2013 година јадеше срце на загинат војник


Убиен е командантот на терористичката група Фронтот Ал-Нусра, Абу Сакар, кој на грозоморната видео снимка од 2013 година со нож го извади срцето на убиен сириски војник, а потоа го јадеше, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.abu-sakar

Центарот, со седиште во Лондон, наведува дека Калед Ал-Хамад, познат како Абу Сакар, е убиен вчера од огнено оружје во провинцијата Идлиб“.

– Абу Сакр минатата година се приклучи кон Ал Каеда со влегувањето во групата Фронтот Ал-Нусра, додава Сирискиот центар.

Според шефот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман, Абу Сакар веројатно е убиен во пресметка меѓу Фронтот Ал-Нусра, кој контролира голем дел од провинцијата Идлиб, и други исламистички бунтовници во оваа област.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1