Шпанската полиција потврди денеска дека е убиен Мароканецот Јанес Абујакуб (22) , главниот осомничен за извршување на минатонеделниот напад во Барселона.
Претходно, каталонската полиција потврди дека денеска во Субиратс е убиен маж кој носел на себе нешто што личело на појас со експлозив.
Во нападот што се случи во четвортокот на шеталиштетот „Ла Рамблас“ во Барселона и летувалиштето „Камбрилс“ се убиени 15 лица, а повредени се повеќе од 120 лица.