Убиениот осомничен, според полициски наводи, е момче со ранец, кое било снимено на целта на маратонот во понеделникот (15.04). Според информации на телевизијата Си-Ен-Ен, тој им подлегнал на повредите во болница.
Потерата по вториот осомничен е во тек. Лекарите соопштија дека бил погоден од огромен број куршуми. Полицијата им препорача на граѓаните да не излегуваат од дома и да им отворат исклучиво само на полицајци кои можат да се легитимираат.
До потерата дојде по смртта на полицаец на универзитетот МИТ. Полицискиот службеник таму бил повикан поради попречување на мирот, а потоа бил убиен. Точната позадина на работите засега не е позната.
Во нападот врз маратонот загинаа три лица, а повредени се околу 180. Вчера полицијата првпат објави фотографии на осомничените, на кои се прикажани две момчиња со ранци, во кои, според претпоставките, транспортирале експлозив.