Крадци ограбиле полициска станица – им ги украле бисквитите


policija devonПрипадниците на една полициска станица во Девон, на југозападот од Англија, пријавиле кражба на кутија со бисквити.

Бисквитите исчезнале од кујната на полициската станица, а се сомневаат дека сторител е некој од полицајците. Кражбата била забележана кога одлучиле да направат попис на предметите во станицата.

Освен бисквити, на списокот исчезнати предмети се нашле и еден фустан и неколку ДВД дискови. Не е познато дали била покрената истрага, но од полициски извори се дознава дека досега не бил пронајден ниту еден од вкупно 28 исчезнати предмети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1