Внимавајте: Oд енергетските пијалоци може да ве удри срце


Конзумацијата на енергетските пијалоци може да доведе во бројни споредни ефекти кои влијаат  врз здравјето, како повисок крвен притисок  и срцева аритмија, соопштно е на конференцијата на Американската асоцијација за срце.

energetskipijalokВрската помеѓу енергетските пијалоци и пореметувањето на работата на срцето е добро позната- многумина тинејџери починале по конзумација на еден енергетски пијалок во 2012 година, а само во САД се забележани 13 смртни случаи од 2008 и повеќе од 20.000 посети на ургентните центри поради проблеми презивикани од конзумацијата на енергетски пијалоци.

Истражувачите кои ги предводел д-р Sakin Šah од Универзитетот во Калифорнија, спровеле анализа на податоците добиени во 7 предходни истражувања кои пробувале да дознаат дали енергетските пијалоци влијаат на работата на срцето.

Учесници во овие студии биле лица на возраст од 18 до 45 години.

Првиот дел од нивното истражување се фокусирал на QT интервалот- единица мерка за ритамот на срцето на електрокардиограмот. Продолжениот QT интервал е поврзан со аритмија опасна по животот.

Истражувачите откриле дека кај лицата кои конзумираат еден до три енергетски пијалоци, тој интервал е подолг за 10 милисекунди од интервалот на луѓето кои не конзумирале енергетски пијалоци.

„ Докторите се генерално загрижени кога QT интервалот е подолг за 30 милисекунди, но сега имаме доказ дека енергетски пијалоци го продолжуваат истиот, што може да доведе до престанок на работата на срецо“, вели Šah.

Авторите на студијата исто така напоменуваат дека тестовите се извршени на здрави лица, така што лицата кои имаат проблеми со срцето или постари лица, мора да внимаваат кога енергетските пијалоци се во прашање.

Скопјеинфо.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1