Убиен рускиот опозициски политичар Борис Немцов – со четири истрели во центарот на Москва!


Еден од водечките руски опозициони политичари Борис Немцов е убиен вечерва во центарот на Москва јавува руската агенција Интерфакс.

Поранешниот заменик премиер во времето кога владата на Русија ја водеше сегашнот претседател Путин е убиен во близина на Кремљ каде пешачел со засега неидентификувана жена.boris nemcovБорис Немцов бил застрелан четири пати во центарот на Москва. Истражен тим работи на местото на настанот“, објави ТАСС цитирајќи полициски извори.

Полициски извори за новинската агенција Интерфакс рекле дека на Немцов му се доближило бело возило, од кое почнало да се пука кон него и избегало.

Немцов е еден од најжестоките критичари на политиките на Путин а животот го загубил кога во него пукале неколку луѓе кои што предходно излегле од возило во центарот на Москва.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1