Убиена брачна двојка во Индија поради долг од 20 евро центи


Трговец од северот на Индија со секира убил двајца сопружници поради долг од 15 индиски рупии (20 евро центи), соопшти денеска локалната полиција.indija-ubistvo

Станува збор за средовечна брачна двојка од пониска каста, кои живееле во сојузната држава Утар Прадеш. Минатата недела тие купиле стока од локалната продавница и го замолиле 60-годишниот сопственик да почека за парите неколку дена.

– Немилиот настан се случил изутринава, кога тие тргнале да одат на работа. Сопственикот на продавницата настојувал тие да му ги исплатат парите, а тие пак го молеле долгот да го вратат подоцна. Тогаш тој се разгневил и ги нападнал со секира. Се разбеснил поради долгот и ги убил – изјави одговорниот инспектор.

Кусо по инцидентот, убиецот е уапсен, а пронајдено е и оружјето со кое го извршил двојното убиство.

Годишно во Индија се случуваат стотици убиства во афект, и тоа неретко заради ситници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1