Аргентинските медиуми објавуваат дека брачниот пар Рокан Атанасоски и Маријана Атанасоска се пронајдени убиени во нивниот стан во Аргентина, пренесува Нова ТВ.
Атанососки се сопственици на фирмата „Платина инженеринг“ и директни учесници во истоимената афера која ја потресе Македонија пред шест години. Брачниот пар Атанасоски измамија голем број граѓани при купувањето на станови и во Македонија беа осудени на по 15 години затворска казна. Тие избегаа во Аргентина, каде, според аргентинските медиуми на кои се повикува Нова ТВ, биле убиени.
Сеуште нема информации од македонското Министерство за внатрешни работи.
ИЗвор: НоваТВ