Невреме во Скопје: Паднати дрва, расипани семафори – еве каде да пријавите


-Поради силното невреме со обилни врнежи што во изминативе неколку часа го зафати Скопје, екипите на Градот Скопје составени од вработени во ЈП „Водовод и канализација“, ЈП „Улици и патишта“ и ЈП „Паркови и зеленило“ излегоа на терен и ги расчистуваат последиците, информираат од Град Скопје.

raso-640x320Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ги одзатнуваат сливниците од атмосферската канализација што треба да го примат големото количество вода на неколку градски улици и булевари, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги отстрануваат дефектите на неколку семафори кои поради силните електрични празнења престанаа да работат, додека екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ на терен ги расчистуваат паднатите гранки и скршени дрвја кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги пријават сите забележани дефекти во светлосната патна сигнализација или скршените гранки и дрвја од силниот ветер на следниве телефони.

-Во ЈП „Паркови и зеленило“ –  02/3070 112

-Во ЈП „Улици и патишта“ – 02/3162 317

-Во ЈП „Водовод и канализација“ – 3073-010, 0800 22555 – бесплатен број

Сител

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1