Мексиканскиот град Хуарез кој три години по ред ја носи титулата најнасилен град на светот, е преполн со криминални картели. Ладнокрво го убиваат секој кој им се меша во работата.
„Навикнете се на мртвите тела на улиците. Ако не сте дома, а слушнете пукање би можеле да бидете убиени“, вели Алехандро Монтес, работник на една бензинска пумпа.
Последните полицајци се погубени 2009. година, а градот потоа не добил нови.
„Нарко-босовите“ го заменија авторитетот на полицијата и ако сакате да преживеете, мора да ги следите нивните правила, додава Алехандро.
Во долината некогаш живееле 60.000 луѓе, а денес тоа е дом за 5.000 луѓе. Останатите побегнале или се убиени.
Се верува дека градот е под контрола на картелот Синалоа, нарко-бос познат под името Замбада. Надзорот над улиците го презела неговата група, па често има киднапирања, мачења и обезглавувања.