Убиено 24-годишно момче во Чаир


Вооружен инцидент се случи попладнево во Чаир на улица Џон Кенеди, пред средното училиште „Цветан Димов”. Засега непознати лица пукале со автоматско оружје, за кое МВР претпоставува дека е „АК-47“ пукале кон Бујар Идризи (1993) од Скопје кој излегувал од своето „југо-45“.

Момчето е пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување (КАРИЛ).

Директорот на КАРИЛ, Илир Хасани изјави дека е извршена 45-минутна реанимација, но безуспешно.

На местото на настанот увид вршеа полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Мотивот за убиството засега е непознат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1