Убиено мало девојче гние под земја а убиецот и ден денес шета слободен


Четири години по трагедијата, правдата не излезе на виделина. Толку време помина од  свирепото убиство на 16-годишната Милица Бараши од Суботица, која е погребана во Сомбор.

Тагата не стивна ни малку, а желбата за казна на злосторникот секој ден е се поголема. Тој, пак, се уште слободно шета на улиците.milica ubistvo majka

Светлана Симендиќ, мајка на убиеното девојче на кое на 7-ми октомври 2010-та година  непознат маж и го пресече вратот во близината на куќата, вели дека се повеќе и се губи надежта за пронаоѓањето на убиецот.

– Морам да издржам, мојата Милица би сакала да бидам јака, само тоа ми дава сила. Ми помагаат лековите и не се давам, но надежта ја губам за пронаоѓањето на убиецот, рекла очајната мајка на 16-годишпната Милица.

Несреќното девојче живеело со мајката, бабата и дедото. Неколку години пред трагедијата семејството се доселило од Сомбор.

По убиството на Милица, почина и нејзиниот дедо, па Светлана со нејзината мајка се обидува да ја продаде куќата за да се обидат да ги заборават лошите спомени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1