23 годишниот Милан и неговата сестра биле на журка во куќа со уште 6 други млади од Осечина, Србија. Но забавата завршила трагично.
Дошло до расправија и Милан и сестраму тргнале да си одат, но двајца насилници, едниот сопственик на куќата каде била журката, ја стасале неговата сестра и едниот од нив со бокс ја удрил во пределот на главата. Милан кога видел дека му ја нападнале сестрата се вратил да ја заштити, но еден од насилниците го прободел со нож.
Милан Живановиќ (23) починал на пат до болница. двете момчиња и се познати на полицијата и претходно. едниот излегол од затвор неодамна, а другиот бил осудуван за препродавање дрога. Тие се уапсени.
Фото – Телеграф.рс