Утринава во вооружена престрелка во Белград нешто после полноќ околу 1 часот и 30 минути, која се случила во самиот центар на Белград, ранет е 37- годишниот Лука Радуловиќ кој и покрај брзата интервенција на итната помош и реанимација, на пат кон болница им подлегнал на повредите.
Според првите и неофицијални информации, по кратка расправа напаѓачот му пукал во стпомакот по што се ал во бегство.
Радуловиќ е познат на полицијата од претходно, а српската јавност за него знае по минатогодишниот скандал кои се случил во Септемви, кога со автомобил марка „Бентли“ ја пресекол колоната на возила во која бил и претседателот.Откако бил уапсен полицијата тогаш утврдила дека бил под дејство на дрога и алкохол.