Убиецот на Ангел не бил виновен – било нужна одбрана


angel naser-esterfi-4-custom-620x320

Foto – A1On

Условна казна од една година, доколку во следните три години не стори ново кривично дело, пресуди денеска Основниот кривичен суд за Насер Ештрефи, кој е обвинет за кражба и за убиство на матурантот Ангeл Петковски убиство кое се случи на 19 мај минатата година. Судскиот процес за обвинението за убиство продолжува.

Обвинетиот Ештрефи призна дека е виновен за кражба на велосипедот од дворот на Петковски во скопската населба Ѓорче Петров. По неговото признание беше одлучено да се раздвојат судските постапки.

Според обвинителството, обвинетиот влегол во дворот од куќата на Петковски и го украл велосипедот. Младиот Ангел и татко му, Сашо Петковски го здогледале, по што тој почнал да бега. По некое време, кај железниот мост на реката Вардар, што води кон Сарај, Ангел и Сашо го здогледале обвинетиот и го препознале, таткото тргнал накај него, а обвинетиот во моментот извадил нож од под појасот и го прободел Ангел. Татко му во обид да го одбрани пронашол дрвен стап и му нанел телесни повреди на обвинетиот, кој успеал да избега.

Сашо заедно со повредениот син се упатил накај Европската општа болница во населбата Ѓорче Петров да бара помош, но кога стигнале таму Ангел веќе им подлегнал на повредите.

– Тука заврши неговиот живот, на тие скали. Пред очи ми се тие слики и денеска – сведочеше таткото Сашо
Петковски.

Адвокатот на Насер Ештрефи истакна дека одбраната ќе се водат по правото на нужна одбрана, бидејќи тоа не претставува кривично дело.Адвокатот на обвинетиот побарал да му се изврши психијатриско вештачење, кое, според него, треба да покаже дали тој бил способен да изврши убиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1