Убиецот на британската пратеничка: Моето име е смрт на предавниците, слобода за Британија


Лабуристката Џо Кокс, којашто се залагаше за останувањето на Обединетото Кралство во Европската унија, беше застрелана и прободена со нож од Томас Мејр во четвртокот, за кој сведоците велат дека наводно притоа извикувал „Прво Британија“. britanska pratenicka

52 годишниот Томас Мејр, веќе обвинет за убиството на лабуристичката пратеничка 41-годишната Џо Кокс, беше изведен во  пред судот, а на барањето од судијата да се претстави изјавил:

„Моето име е смрт за предавниците, слобода за Британија“, јавува Reuters потсетувајќи дека нападот ја шокираше цела Англија и привремено ги запре кампањите за референдумот за членството на Велика Британија во Европската унија.

Полицијата мотивот на напаѓачот го поврзува со неговата историја на душевна болест но и со неонацисти.

Џо Кокс, мајка на две малолетни деца, работела на претседателската кампања на американскиот претседател Барак Обама во 2008 година. Дипломирала на престижниот универзитет Кембриџ, и работела како хуманитарен активист пред да стане пратеничка на лабуристите за окрузите Батли и Спен во 2015 година. Беше позната по својата работа на женските прашања, и соработуваше и натаму со неколку добротворни организации

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1